info@printmarket.mk
+389 2 2622 693
070-764-650

Пријател на Вашата компанија

За нас

КОИ СМЕ НИЕ?

Печатницата Светлост Графика е формирана во 1952 година во рамките на Претпријатието за вработување на инвалидни лица Светлост. Со текот на времето печатницата постепено го зголемуваше обемот на работа и прерасна во модерна печатница која располага со завиден машински парк со кој може да одговори на широкиот спектар потреби кои пазарот на графичката дејност ги бара.

Во својата дејност е ориентирана кон изработка на сите видови книги, обрасци, флаери, етикети, канцелариски материјали, архивски кутии, папки, кеси, укоричување, нумерација и слично.

НОВИ ТЕКОВИ

Светлост Графика ги следи современите текови во графичката дејност, но и воопшто, пристапот до потребите на клиентите, поедноставување на комуникацијата и исполнување на нивните барања. Постепено се врши дигитализација на производството и негово прилагодување на пазарот во нови, современи услови. Затоа, подготвена е и интернет продавница Принт Маркет каде може директно да се извршат нарачки, купување на веќе готови производи, како и испраќање на спецификации и барање за изработка на материјали по барање на клиентот.

БРЗО – ЕДНОСТАВНО – ПРИЛАГОДЕНО

Современите услови на работење, налагаат прилагодување кон барањата на клиентите во такви услови. Интернет продавница е предвидена за директна комуникација со клиентите, каде се поставени темплејти за сами да си ги направат подготовките и да се одбегнат грешки и проблеми во работа, секако со наша макисмална поддршка. Секој продукт е проследен со соодветен пример.

ДОСТАВА

Материјалите може да се достават на барана адреса, како што ќе биде специфицирано во порачката.