info@printmarket.mk
+389 2 2622 693
070-764-650

Пријател на Вашата компанија

Услови и Правила за користење

Услови и Правила за користење

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите и правилата за користење на нашата интернет продавница.

 

Правила за корисници

Цените во оваа Интернет Продавницасе изразени во денари со вклучен ДДВ и се конечни во моментот на нарачката.

Принт Маркет го задржува правото да врши промена на цените без предходна најава.

  • Информации за испорака

Нарачаните производи ќе ви бидат испорачани преку курирска/доставна служба. Истите ке ви бидат испорачани  во период од 1 до 3 работни дена од денот на нарачката во зависност од вашата локација, на вашата домашна адреса или во локална пошта. (Во исклучителни околности кои не зависат од нас, доколку е потребно повеќе време за испорака, навремено ќе бидете известени). Ќе бидете исконтактирани од доставната служба за да се договорите околу превземање на пратката. Цената на доставата е 100 денари. Доставата се врши до сите градови низ Македонија. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено. Производите се плаќаат преку кредитна картичка или со профактура.

По извршувањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена, истата ќе ги содржи деталите од нарачката. Можно е да ве побараме по телефон да ја потврдите истата.

Производот може да се врати исклучително само доколку не биде ист на тој што е нарачан.

Правило на Интернет Продавницата е пред испорака сите нарачки да се потврдуваат телефонски. Императивно е со нарачката да оставите телефон на кој ќе бидете достапни, а откога ќе ви ја испратиме нарачката, на истиот телефон ќе ве побара и курирот (кога нарачката ќе пристигне во Вашиот регион) за да се договорите околу преземањето на истата.

  • Употреба и чување на лични податоци

Личните податоци се информациите кои ве карактеризираат Вас, на пр. Вашето има, Вашата адреса, и сл. Принт Маркет ќе ги употреби Вашите лични податоци ислучително за испорака и наплата на Вашата нарачка и за технички потреби за интернет страницата за да ви овозможи пристап до специфични информации или за општа комуникација со Вас. Принт Маркет во целост ја почитува доверливоста на Вашите лични податоци.

Принт Маркет им препорачува на сите родители и старатели да ги учат нивните деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетниците не смеат да даваат лични податоци на Принт Маркет без дозвола од нивните родители или старатели. Принт Маркет никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, или да ги употреби на некој начин, ниту да ги проследи на трета страна без дозвола.

  • Безбедност

Принт Маркет се грижи да ја овозможи безбедноста на Вашите лични податоци. Вашите податоци се грижливо чувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Вашите податоци не се проследуваат понатаму и не се пренесуваат на трета страна.

  • Приватност

Собирањето на сите податоци од оваа интернет страна е во согласност со заштита на личните податоци.